Вести СВЕТ

Во Кина само 11 новозаразени со коронавирус

Во саботата, Кина пријави само 11 новозаболени со новиот коронавирус, но за првпат по избувнувањето на епидемијата, повеќето доаѓаат од странство.

Меѓу единаесетте ново дијагностицирани, четворица се пријавени во градот Вухан, епицентарот на Ковид 19, каде што вирусот се појави кон крајот на 2019 година, соопшти Министерството за здравство.

Ова е најмал број откако започна евиденцијата во јануари.

Другите седум – четири се во Шангај, двајца во провинцијата Гансу и еден во Пекинг – дошле од странство. Не се наведува од кои земји се поточно.

Кина сега има вкупно 95 „увезени“ случаи, како што ги нарекува.

Иако епидемијата е „застаната“ во земјата, како што рече претседателот Кси Џинпинг, санитарните органи остануваат претпазливи за пристигнувањето на заразени патници, особено од Иран, Јужна Кореја, Италија и САД.

Градската влада во Пекинг оваа недела објави дека од сите кои доаѓаат во градот од други земји, ќе се бара да бидат ставени во карантин на 14 дена.

Министерството за здравство, исто така, објави уште 13 смртни случаи во саботата (мало зголемување од седум дена порано), така што нивниот вкупен број на копното на Кина (со исклучок на Хонг Конг и Мака) се искачи на 3.189.

Досега има 80.824 заразени лица во земјата. Но, повеќе од 65.000, повеќе од 80 проценти, биле излечени и тие ги напуштиле болниците.

Малото подобрување утврдено во последните неколку недели ги натера властите да ги олеснат патните ограничувања за 56 милиони жители на Хубеи, во која Вухан е административен центар.

Поврзани вести

Анкета: Скоро 60 отсто од Словенците поддржуваат предвремени парламентарни избори, Пахор најпопуларен политичар

Никола Поповски

Aвион со 98 патници се урна рано утринава во Казахстан, најмалку 15 лица се загинати

Maja_Serafimova

Челзи Менинг се обидела да се самоубие

Вучиќ: Бараат од мене да внимавам на Додик, не е тоа моја работа, јас го почитувам

Никола Поповски

Возачот на камионот обвинет за убиство на 39 Виетнамци ја призна вината за помагање во илегална имиграција

Макрон по масакрот: Ја мобилизираме армијата, нападнати сме

Stefanija Kuzmanovska