СВЕТ

Во Кина во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден локално пренесен случај

Во Кина во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден локално пренесен случај од новиот коронавирус, а намален е и бројот на заразени кои се враќаат од странство.

Националната здраствена комисија соопшти дека во Кина се пријавени 54 нови случаи на зараза и дека сите се импортирани.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 81,394, додека цифрата на смртни случаи порасна за три и се искачи на 3.295. Смртните случаи се пријавени во провинцијата Хубеи, каде нема новозаболени лица.

Кина од денеска воведе поригорозни мерки за странските државјани и привремено го суспендира влезот на луѓето со виза или дозвола за престој.

Поврзани вести

Нема сигурен лек за лекување на заболените од Ковид-19

Најцрн ден во Франција: Помината е бројката од 3 000 починати од коронавирусот

Грчката полиција испразни зграда во Атина која ја окупирале мигранти

Изминуваат седум дена од смртта на Флојд: Прогласен „црн вторник“ (фото+видео)

Најголеми фаворити според британските обложувалници се конзервативците и Џонсон

Д-р Тиодоровиќ: Во Србија вистинскиот пик на заразата ќе го имаме за пет-шест дена