Вести СВЕТ

Во кинескиот град Шенжен е забрането конзумирање на кучиња и мачки

Технолошкиот центар Шенжен на југот од Кина ќе забрани конзумација на кучиња и мачки, додека земјата забранува трговија со диви животни кои се сметаат за можен извор на коронавирус, јавува Ројтерс.

Градските власти составиле листа на меса кои се дозволени за јадење, а таа ги вклучува свинско, пилешко, говедско, зајачко месо, риба и морски плодови.

-Забраната за конзумирање на диви животни е вообичаен пракса во развиените земји и универзално барање на модерната цивилизација, соопштија властите.

Научниците се сомневаат дека новиот коронавирус е пренесен од животни на човекот. Први личности кај кои е потврдена заразата биле на пазарот за диви животни во Вухан во покраината Хубеи каде се продаваат лилјаци, змии и други животни.

Градските власти кучињата и мачките ги категоризирале како домашни миленици и ја забраниле нивната конзумација. Ќе биде забрането да се јадат змии, желки и жаби, иако се омилен оброк на југот на Кина.

Поврзани вести

Вучиќ: Треба да не остават сами да си го решиме прашањето за Косово

Aвстриски инфектолог: КОВИД-19 ќе трае до 2023 година, клуч за успехот е физичко дистанцирање

Влатко Зорба

Трогателен говор на мајката на ќерката на Флојд: Таа е доказ дека Џорџ беше добар (видео)

Tатко и две деца биле пронајдени мртви во базен

Maja_Serafimova

Во Србија се потврдени уште два случаи на новиот коронавирус, со што број на заразени се зголеми на четири

Случај коронавирус: Маж се обиде да се запали откако кинеските власти му забраниле да го прослави роденденот

Никола Поповски