Вести СВЕТ

Во очекување на прекин на огнот: Интензивни борби во Нагорно Карабах

Иако е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах, кој ќе стапи на сила денес напладне, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека во таа ерменска енклава се воделе интензивни битки цела ноќ.

Исто така, во главниот град на самопрогласената Република Нагорно Карабах, утрово биле вклучени сирени за опасност од воздух, јавил дописникот на агенцијата РИА Новости.

Договорот бил постигнат на трилатерални консултации на кои присуствувале министрите за надворешни работи на завојуваните страни, Ерменија и Азербејџан и Лавров, кој бил медијатор.

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа на 27 септември, кога во регионот се водеа интензивни битки.

Оттогаш, двете страни во конфликтот пријавија бројни жртви, вклучително и цивили.

Поврзани вести

По повод протестите во Бугарија: Борисов предлага нов Устав и преполовување на бројот на пратениците

Никола Поповски

Жена најдена мртва на гробот на својот син во Белград

Судири во Вашингтон: Полицијата ги разделува приврзаниците и противниците на Трамп (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Нова трага во случајот пред 13 години го потресе светот: Полицијата открила Германец кој моментално е во затвор, осомничен за нејзиното исчезнување

Комесар на ОН: Пандемијата не смее да биде „карт-бланш“ за кршење на човековите права

Влатко Зорба

Скандал на првата виртуелна конференција на НАТО: Турција ја напуштила седницата