Вести СВЕТ

Во Русија повеќе од 400.000 пациенти со коронавирус – лекот пристигнува за десет дена?

Испораките на рускиот лек „авифавир“, кој ќе се користи за третман на Ковид-19, би можеле да започнат на 11 јуни, соопштил рускиот Фонд за директни инвестиции.

Овој лек нема да биде во бесплатна продажба и ќе се користи само под надзор на медицинскиот персонал, пишува московскиот весник „Известија“.

Како што соопштил Фондот, подготовката, наводно, ќе биде доставена во болниците во Русија на 11 јуни, а веќе се произведени 18.000 пакувања.

Вкупниот производствен капацитет е 60.000 пакувања месечно, односно 720.000 пакувања годишно, а лекот бил одобрен од руското Министерство за здравство и е вклучен во државниот регистар на лекови, пренесува Тас.

Поврзани вести

Две лица во Австрија заразени од коронавирус

Експерти: Ширењето на коронавирусот ќе трае уште 18 до 24 месеци, се додека не се зарази 60 до 70 проценти од светската популација

Шпанија планира основни приходи за најсиромашните домаќинства

Влатко Зорба

Вучиќ до Милановиќ: Не ги бројам крвните клетки на гласачите, но за мене гласаа многу Хрвати

Канадската економија со пад од 6,8 отсто

Влатко Зорба

Трамп почна да вика на новинарка по прашање за коронавирусот: „Биди потивка, треба да ми се заблагодариш“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба