ЕУ СВЕТ

Во Русија, во последните 24 часа се регистрирани 10.699 нови случаи на инфицирани со новиот коронавирус

Во Русија, во последните 24 часа се регистрирани 10.699 нови случаи на инфицирани со новиот коронавирус, така што вкупниот број заболени достигна 187.859 лица. Русија се наоѓа на петтото место во светот по бројот на пациенти со Ковид-19.

Во последните 24 часа починаа 98 луѓе, а вкупно 1.723 од почетокот на епидемијата.

Најголем број пациенти има во Москва, каде за едно деноноќие се регистрирани 5.846 нови случаи, односно вкупно 98.522.

Во Москва вчера беше продолжен до 31 мај режимот за ограничено движење во рамки на борбата против коронавирусот, а указот за тоа го потпиша градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Поврзани вести

12 смртни случаи од коронавирус во САД: Белата куќа не успеа да испорача доволно опрема за тестирање

Никола Поповски

Карабинерите нашле мигранти на островот Лампедуза

Влатко Зорба

Путин: Русија ќе ја зајакнува нуклеарната индустрија

Stefanija Kuzmanovska

Почина едно лице во Хрватска кое било во самоизолација

Александар Петровски

Една петтина од Британците се двоумат дали намерно да се заразат со коронавирус

Кризата со КОВИД-19 ја зајакна улогата на државата и може да ја зајакне и ЕУ

Влатко Зорба