СВЕТ

Во САД 1.015 лица починаа од коронавирус за 24 часа, најмалку во последниов месец

Во САД во претходните 24 часа починаа уште 1.015 лица од коронавирусот, што е најнизок дневен биланс во последниве месец дена, покажуваат податоците на референтниот универзитет „Џонс Хопкинс“.

Тој нов број на загинати евидентиран помеѓу 08:30 часот по локално време во понеделникот (02:30 часот по средноевропско време) и претходниот ден носи вкупниот број на смртни случаи од епидемијата на вирусот на САД на 68.689, што ги прави САД земја со најголем број на загинати во светот.

Дневниот број на жртви во САД не се спушти под 1.000 од почетокот на април. Од средината на април, земјата се наоѓа на своевидно плато во однос на смртните случаи.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува двојно зголемување на дневниот број на смртни случаи од пандемија на коронавирус до 1 јуни, според внатрешниот документ цитиран вчера од Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

Во извештајот се предвидува дека до тој датум, ќе има повеќе од 3.000 смртни случаи дневно, а извештајот се појави во време кога некои американски држави постепено ги укинуваат мерките за изолација воведени за нивните граѓани.

САД се исто така земја со најголем број луѓе заразени со коронавирус, со скоро 1,2 милиони официјално регистрирани случаи. Излечени се скоро 187.180 луѓе.

Поврзани вести

Mадридско чудо: Короната запре во шпанската престолнина, никој не знае зошто

Состојбата  со Ковид 19 во Србија се влошува, Брнабиќ откри дали ќе има карантин

Берта Китинска

Посебни правила во Швајцарија: Ако сакате да пиете пиво во кафуле, мора да му ги кажете личните податоци на келнерот

Германија: Најважно Иран призна за падот на авионот, истрагата да продолжи

Никола Поповски

Тачи: Немаше ножеви и мапи во Белата куќа, само почит и зајакнување на Косово

Никола Поповски

Германците испратиле 6.000 полицајци на границите поради коронавирусот