Вести СВЕТ

Во Шпанија уште 498 жртви на коронавирусот: Една третина од вкупниот број се жители на старечки домови

Вкупно 1.307 лица во Шпанија, сместени во старечки домови починале од коронавирус, што е приближно една третина од вкупните смртни случаи во земјата, јавува радиото Кадена Сер.

Само во мадридскиот регион, од почетокот на епидемијата се пријавени 855 смртни случаи, соопшти радио мрежата.

Шпанската влада соопшти дека сè уште собира податоци од сите региони за смртноста во старечки домови и не може да ги потврди или негира податоците на радиото Кадена Сер.

Регионалната влада на Мадрид соопшти дека податоците не се официјални, додавајќи дека официјалниот извештај за смртта на старите лица ќе се сподели кога ќе бидат готови, пренесува Танјуг.

Уште 498 жртви на коронавирус во Шпанија

Во Шпанија, од коронавирусот денес починале 498 лица, што е за 19 проценти повеќе од претходниот ден, со што вкупниот број на смртни случаи достигнал 4.089.

Потврдени се уште 6.682 случаи, што значи дека се заразени вкупно 56.187 лица, пренесува Би-Би-Си.

Шпанскиот парламент ја продолжи вонредната состојба барем до 12 април, пренесува Танјуг.

Поврзани вести

Велика Британија го суспендира издавањето дозволи за извоз на оружје во Турција

user4

Ево Моралес се прогласи за победник на претседателските избори во Боливија

Maja_Serafimova

УНИЦЕФ: Повеќе од 115.000 деца во Либија не одат на училиште

Влатко Зорба

Активистката Грета Тунберг бара бродски превоз за да стигне во Мадрид

Влатко Зорба

Демонстрантите во Каталонија денеска го блокираа автопатот што го поврзува овој шпански регион со Франција

Зголемени овластувања на Парламентот и Владата, предлага Путин со новите уставни измени

Влатко Зорба