Вести СВЕТ

Во судири во Њу Делхи најмалку 20 загинати и околу 190 повредени (ВИДЕО)

Најмалку дваесет лица загинаа, а околу 190 се повредени во судирите на спротивставените групи демонстранти во Њу Делхи, за време на протестите поради законот за државјанство.

Како што јавуваат светските агенции, за време на дводневните протести загинале најмалку 20  лица, меѓу кои еден полицаец, а 189 се хоспитализирани во главниот град на Индија, од кои 15 се во критична состојба.

Насилствата се случија во северноисточниот дел на престолнината, само неколку километри од местото на кое американскиот претседател Доналд Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди имаа состанок.

На улиците излегоа повеќе од илјада луѓе, полицијата употреби солзавец, но имаше проблем да ги растера насобраните лица кои фрлаа камења.

Протестите во Индија започнаа откако Парламентот во декември го одобри новиот закон за државјанстно, кој овозможува брзо стекнување државјанство за некои верски малцинства родени во странство, но не и за муслимани.

 

Поврзани вести

Ердоган предупреди: Ако падне либиската Влада, ќе зајакне исламистичкиот тероризам

Трамп: Кина е доволно богата, не и се потребни кредити од Светска банка

Забележителна предност на Бајден

Stefanija Kuzmanovska

Италија ја одобри апликацијата за следење на заразените

Stefanija Kuzmanovska

Нови немири во Хонг Конг

Влатко Зорба

Француски лекар: Првиот случај на коронавирус бил на 27 декември