Вести СВЕТ

Водечкиот епидемиолог ги открива деталите на успешната кинеска стратегија против Ковид-19 (ВИДЕО)

Кина објави крај на епидемијата на коронавирусот, а главниот кинески епидемиолог Жонг Наншан ја откри најважната работа за да се победи вирусот.

Жонг Наншан е водечки кинески епидемиолог, кој одигра важна улога не само во борбата против новиот вирус корона, туку и во откривање и сузбивање на епидемијата на „близок роднина“ на овој вирус, САРС во 2003 година, пренесува Чајна Дејли.

Наншан бил главен советник на кинеската влада во борбата против Ковид-19 и вели дека постојат две главни стратегии во борбата против епидемијата: сузбивање и олеснување.

Тој објасни дека стратегијата за олеснување значи дека се преземаат мерки за да се забави ширењето на вирусот, додека задушувањето, стратегија за која Кина се определи, бара поинтензивни и построги мерки.

Жонг вели дека Кина се решила за контра-стратегија на крајот на јануари и вовела многу строги мерки: затворање на градови и комплексен „меѓусекторски механизам“.
Овој механизам, објаснува епидемиологот, е во знак на зборот рано: рана заштита, рано откривање, рано дијагностицирање и рана изолација.

Сето ова бара луѓето да избегнуваат собири, да ги минимизираат социјалните контакти и заразените да бидат откриени и изолирани навреме.

„Суштината е во дистанцирањето“, вели главниот кинески епидемиолог.

Тој верува дека слични мерки можат да им помогнат и на другите држави во борбата против епидемијата на коронавирусот. Сепак, тој додава дека само затворањето на градовите и затворањето на јавниот превоз меѓу државите и градовите не гарантира дека ширењето на вирусот ќе биде запрено.

„Ако градовите се затворат и луѓето излезат и се собираат, ризикот од пренесување е сè уште голем“, рече Жонг.

Тој за пример ја зеде епидемијата во Вухан, градот каде за прв пат се рашири.

– Еден месец откако Кина ја затвори провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град Вухан, бројот на случаи на коронавирус во остатокот од Кина започна значително да се намалува. Ова ни овозможи полесно да се справиме со епидемијата надвор од покраината и покажа дека затворањето на покраината даде резултати – рече тој.
Запрашан дали има предлози за главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, бидејќи САД во моментот има најмногу заразени луѓе на светот, Жонг верува дека американскиот колега би се согласил со него.

„Најдобар начин за борба е изолацијата“, рече кинески епидемиолог.

Тој исто така рече дека ситуацијата во Америка е покомплицирана, бидејќи епидемијата во Кина била концентрирана во провинцијата Хубеи, додека во САД се шири на повеќе жаришта.

Поврзани вести

Потресна исповед на медицинска сестра: Ќе се поздравам со моите деца, оти не знам кога ќе ги видам пак

Хуманитарна организација: Милијарда луѓе во светот би можеле да бидат заразени со коронавирусот

Влатко Зорба

„Вашингтон пост“ го тужи Стејт департментот

Stefanija Kuzmanovska

Софија е на трето место во светот според загадувањето на воздухот

Франција ја надмина бројката од 20.000 починати од коронавирус

Влатко Зорба

Курц: За една недела се очекува бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија да надмине 10.000 луѓе