Регион СВЕТ

Вознемирувачки слики од погодениот водач на кавачкиот клан од болницата: И неговата сопруга излегла да го брани (фото)

Украинските медиуми објавија фотографии од повредениот Радоје Звицер, наводниот водач на кавачкиот клан, кој беше застрелан во Киев, пред неговата сопруга Тамара.

Тој бил нападнат пред луксузен станбен комплекс, во кој, наводно, живеел со години со своето семејство. Двајца напаѓачи го пресретнале недалеку од паркингот и тргнале да го убијат со автоматско оружје. Во исто време, сопругата на Звицер, Тамара, излегла надвор од зградата вооружена со пиштол, а камерите го снимале нејзиното пукање на напаѓачите, кои потоа избегале. Се верува дека токму сопругата ги спречила напаѓачите да го убијат Звицер.

Според снимките кои порталот „Детектив инфо“ ги објавил јасно се гледа како Тамара во рака држи пиштол. Имено, овој портал објавил и морничави фотографии од Звицер во болница.

Да потсетиме, украинската полиција која работи на разветлување на обидот за убиство на наводниот лидер на кавачкиот клан покрај двата Срби и двајцата Црногорци кои се поврзуваат со атентатот, го уапсиле и својот колега Ростислав Чернобривиј, наредник во украинската полиција.

Двајцата осомничени успеале да избегаат, а по двајца сѐ уште се трага. Звицер кој е погоден со три куршуми во гради е во тешка состојба и се бори за живот.

Поврзани вести

Петмина загинати заради кавга за пасишта во Ростовската област

Maja_Serafimova

Џонсон: Демонстрациите се бесмислени

Stefanija Kuzmanovska

Руски масовен сајбер напад врз Грузија?

Кина: Одобрено е клиничкото испитување на вакцината против коронавирус

Украина ја критикуваше посетата на Путин на Крим и отворањето на железничкиот мост

БУДВА: 10 вооружени полицајци претепаа демонстрант (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska