Регион СВЕТ

Вучиќ: Гарантирам дека ќе ја победиме мафијата (видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ѝ се обратил на јавноста преку видео порака во која се осврнал на се почестите мафијашки судири во Србија.

Како што изјави, Србија ќе се справи со мафијата, за што тој лично гарантира.

„2012, 2013, 2014 година, се боревме против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и кои сакаа да ја уништат. Успеавме во тоа и ја обновивме земјата! Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст. Платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро. Додека ние се боревме за подобар животен стандард и за Косово и Метохија, додека се боревме за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои луѓе сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани и да сеат страв. Ветувам, ќе ги победиме и ви го гарантирам тоа! Без оглед на лични, политички и какви било други последици!“, изјавил Вучиќ.

View this post on Instagram

Pobedićemo mafiju. Garantujem!

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) on

Поврзани вести

Трамп: Урсула фон дер Лајен е тежок преговарач

Експерти предвидуваат: Kоронавирусот е невозможно да се задржи?

Никола Поповски

И синот на Трамп и Меланија бил позитивен на коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Експерти предупредуваат на можен пораст на ХИВ, маларија и други болести за време на корона-кризата

Нема заразени со коронавирус во Србија, ќе се набават пет милиони хируршки маски

СЗО: Шест начини на кои можете да се заразите со корона

Stefanija Kuzmanovska