Регион СВЕТ

Вучиќ: Одлуката на Црна Гора е политичка, ние во таа кал нема да влеземе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил денеска дека одлуката на црногорските власти за забрана за влез на српските граѓани е политичка и дека му било јасно уште од првиот момент.

Во изјава пред новинарите во Смедеревска Паланка, Вучиќ истакнал дека верува оти одлуката ќе се промени, не затоа што црногорските власти ја сакаат Србија, туку од интерес и дека Србија „нема да влезе во таа кал“ и нема да забрани влез на граѓаните од таа земја.

Коментирајќи ја одлуката на Дирекцијата за цивилно воздухопловство да го забрани слетувањето на авионите на „Монтенегро ерлајнс“, Вучиќ изјавил дека тоа е логично, затоа што ако на српските граѓани им е забранет влез во Црна Гора, тогаш при качувањата во авионите тие ќе морале да ги бројат „црвените крвни зрнца“ на патниците.

„Како би ги разделувале луѓето – вие можете, вие не можете да се качите во авионот, во согласност со одлуката на Владата на Црна Гора“, објасни Вучиќ.

Поврзани вести

Авион на САД повторно во мисија за „надгледување на Северна Кореја“

Никола Поповски

Француски „Оранж“ е прогласен за виновен за неколку самоубиства на работници

Никола Поповски

Египетската полиција упадна во канцелариите на независен медиум

Влатко Зорба

Клинтон: Жените политичарки се соочуваат со насилство во врска со женските права

Новинарот и професор Вељановски: Голем број медиуми во Србија информираат неточно и пропагандистички во однос на она што се случува во Црна Гора

Никола Поповски

Помпео: САД се понудија да му помогнат на Иран со коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska