Регион СВЕТ

Вучиќ: Србија ќе почне да произведува лек што наликува на хлорокин

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе започне со производство на нешто што наликува на хлорокин.

– За еден месец ќе имаме 50.000 кутии, што е доволно за Србија, рече Вучиќ.

Во меѓувреме, српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ рече дека земјата се наожа во тешка седмица и дека бројот на болни и мртви ќе се зголеми до Велигден.

– По Велигден, прогнозата е дека бројот на пациенти ќе почне да опаѓа, а потоа ќе имаме пад до крајот на април, вели Тидоровиќ.

Тој изјави дека е потребна железна дисциплина во моментов, а она што граѓаните можат да го обезбедат како свој придонес е да се придржуваат до сите предложени мерки.

– Овие 14 дена да бидеме дисциплинирани, да сфатиме дека ова не е прашање на демократија, туку е прашање на цивилизација. Ако го следиме тоа што се случува околу нас, потребно е да се сфати дека го избегнавме италијанското сценарио, имаме српско, вели Тидоровиќ.

Поврзани вести

Индонезиски министер нападнат со нож

user4

ОН: За милиони луѓе низ светот 2020 година ќе биде тешка

Во Хрватска 37 заразени, повеќе од 500 тестирани

Премиерката на Нов Зеланд најави дека ќе зема помала плата за време на кризата

Stefanija Kuzmanovska

Британскиот министер за одбрана: Да се ​​биде болен од Ковид-19 е „проклето ужасно“

Насловната страна на Њујорк Тајмс со имиња на починати од Ковид-19

Stefanija Kuzmanovska