Регион СВЕТ

Вучиќ: Србија треба да излезе од сенката на големите, кога не можат да ги обвинат Макрон или Курц, велат ајде да го згазиме Вучиќ (видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска учествувал во Белград на меѓународната конференција „Светот по коронавирусот“.

Вучиќ истакнла како пандемијата влијаела врз економијата и оценил дека Германија и Кина излегуваат од пандемијата со голема сила.

„Кина беше прва што се избори со пандемијата и има желба да го продолжи она што го сака Америка – глобализација и заземањето на позицијата клучен играч во глобализацијата. Таа успеа да покаже доза на солидарност што многумина не можеа да ја покажат”, рече тој.

Според Вучиќ, Србија треба да „излезе од сенката на големите“.

„Кога тие не можат да ги обвинат Макрон или Курц за нешто, велат ајде да го згазиме Вучиќ. За мене не е проблем што сум тука, туку дека Србија ќе ги почувствува последиците“, заклучил тој.

Конференцијата се одржува како дел од иницијативата „Белградски стратешки дијалог“, а како што најавилеборганизаторите, таа ќе биде посветена на анализирање на геополитичките, економските и здравствените аспекти на пандемијата на коронавирус преку три тематски панели.

Поврзани вести

Дали вирусот во Франција се појавил уште во февруари: Научници откриле дека Ковид 19 во земјата не дошол од Италија, ниту од Кина

Со каков тест може да се влезе во Црна Гора?

Влатко Зорба

Хоти: Доколку не се случи меѓусебно признавање, Србија и Косово ќе останат две земји кои не се познаваат едни со други

Никола Поповски

САД ги одложуваат инвестициите во Косово до укинување на таксата кон Србија

Александар Петровски

Потресна исповед на медицинска сестра: Ќе се поздравам со моите деца, оти не знам кога ќе ги видам пак

Група симптоми укажува колку сериозна ќе биде формата на Ковид 19

Stefanija Kuzmanovska