Регион СВЕТ

За 38 отсто е намален криминалот во Грција

Забраната за движење и превентивните мерки постепено воведени од средината на март, го ставија во карантин и криминалот во Грција, со оглед на тоа дека бележи намалување од 38 отсто.

Според официјалните податоци од грчката полиција за месец март 2020 година, регистрирани се 151 кражба помалку во споредба со истиот период лани, односно од 395 се намалиле на 244 (38,23 отсто) на целата територија.

Во Солун, криминалот се намалил речиси двојни, односно од 54 кражби лани, 28 оваа година.

Слична е ситуацијата и со кражбите на возила – се намалиле за 33,69 отсто во споредба со лани.

Намалување на криминалот, за 34,93 проценти е регистриран и во првото тромесечје од 2020 година, споредбено со истиот период минатата година.

Поврзани вести

Грција очајно има потреба од своите иселеници и ги моли да се вратат

Влатко Зорба

Грчкиот туризам ќе биде подготвен да прими туристи

Усвоена резолуцијата со која се одобрува истрагата за инпичмент на Трамп

user4

Постојат 3 типа на коронавирус во светот: Еден потекнува од Кина, но она што научниците го откриле во САД ги зачудило

Светските брендови прават редизајн на логоата поради коронавирусот (фото)

Европската комисија бара оддалеченост на плажите: Како ова лето ќе изгледа туризмот?