СВЕТ

За историја: Преживеа 68 дена во индуцирана кома, а ова е неговата порака

Пилот од Шкотска, кој поминал повеќе од два месеци во медицински индуцирана кома на ковид одделение во Виетнам, бил поврзан со респиратор, имал само една помисла кога конечно бил изваден од уредот.

Стивен Камерон (42) од Мадервел бил најтешкиот ковид пациент во Виетнам кој стана познат низ целата земја како „пациент 91“.

„Јас сум жив пример за тоа што може да направи овој вирус и колку е сериозен“, изјави тој за Би-Би-Си од неговиот болнички кревет во Вишава.

Неговите лекари велат дека Стивен има долг пат да помине пред да се опорави.

Д-р Маниш Пател, консултант за пациенти на респиратор, беше задолжен за Камерон по неговото враќање во Шкотска на 12 јули.

„Луѓето велат дека доаѓањето во единицата за интензивна нега е трчање маратон. Во случајот на Стивен, мислам дека тој истрча повеќе ултрамаратони“, рече тој.

Овој пилот од Шкотска поминаа 68 дена на респиратор.

„Ми кажаа дека едно време сум бил најтежок пациент во цела Азија“, рече тој. „И тоа заради работите што ги научија од мене, виетнамските лекари беа во можност да го применат тоа знаење кај пациенти во слична позиција“.

Д-р Пател изјави за Би-Би-Си дека случајот со Камерон е исклучителен, затоа што нема пациенти кои толку долго преживеале во медицински предизвикана кома.

„Немаме многу искуство со случаи кога луѓето биле на респиратор повеќе од месец и половина“, рече тој.

Колку е сериозна ситуацијата, потврдува и фактот дека Стивен „за влакно“ избегнал двојна трансплантација на белите дробови кога неговиот капацитет „паднал“ на 10 проценти. Неколку органи му откажале, а во болничкиот кревет, додека бил во кома, изгубил 30 кг. И покрај интензивната рехабилитација, Стивен сè уште има потешкотии со одењето.

„Кога се разбудив, првото нешто што мислев е дали ќе можам повторно да одам. Не знаев дали сум парализиран до крајот на животот, бидејќи не можев да ги почувствувам нозете и не бев сигурен дали тоа е крај на мојата пилотска кариера“, рече 42-годишниот пилот, кој ги предупредува луѓето да не се смеат на вирусот и да не го сфаќаат лесно, затоа што е многу опасен.

Тој додаде дека, според него, мерката за воведување карантин е најдобриот начин за да се спречи ширењето на вирусот.

Поврзани вести

Растат бројот на заразени од пазарот во Пекинг: 106 нови случаи од петокот

Експерт на ОН: Домот стана прва одбранбена линија во борбата против коронавирусот

Срушена и фрлена во океанот статуата на Колумбо во Балтимор (ВИДЕО)

Слободарската партија на Австрија го исклучи поранешниот лидер Штрахе

Далај Лама: Пандемијата со новиот корнавирус покажа дека луѓето си помагаат едни со други

Најмалку десет приведени во судирите меѓу полицијата и маскирани лица во Атина