Регион СВЕТ

Забрана за работа на продавниците во недела во Словенија

Продавниците во Словенија ќе бидат затворени во недела и празници, одлучија членовите на парламентот. Измените и дополнувањата на Законот за трговија, за чие усвојување 72 од 88 пратеници гласаа во Националното собрание во вторникот, со ретки исклучоци, забрануваат работа на продавници во недела и празници.

Продавниците со продажна површина до 200 квадратни метри на бензински пумпи, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици и болници се изземени од забраната, пренесува Индикатор.ба.

Исто така, во недела и државни празници ќе се отворат и преостанатите помали продавници со површина до 200 квадратни метри, доколку дејноста ја вршат трговски субјекти, односно нивни претставници, но и студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат затворени во недела и празници ја мачи јавноста во Словенија со децении. Со него се занимаваше Уставниот суд, а во септември 2003 година граѓаните беа прашани за тоа на референдум. Забраната за работа во недела тогаш беше поддржана од нешто повеќе од 57 проценти од гласачите кои излегоа на гласачките места.

Стопанската комора на Словенија се противи на амандманите донесени вчера, и најави можност за проценка на уставноста на законското решение.

Поврзани вести

Трамп потрошил 115 милиони долари на голф патувања

Влатко Зорба

По откажувањето на Чиле, Мадрид ќе биде домаќин на глобалниот климатски самит на ОН

Влатко Зорба

Албанија ја потресе земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер

Александар Петровски

Разговор Трамп – Столтенберг околу актуелната состојба на Блискиот Исток

Никола Поповски

Еден сомнителен случај на лице заразено од коронавирусот во Косово

Клиниката во Берлин: Навални е се уште во животна опасност

Никола Поповски