ЕУ СВЕТ

Захарова: Поради падот на Берлинскиот ѕид, многумина се радуваа на обединета Европа, таквите очекувања пропаднаа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека денес се урнати надежите на европските држави дека ќе создадат обединета и просперитетна Европа, без линии на разграничување, кои се родија по падот на Берлинскиот ѕид.

– Поради падот на Берлинскиот ѕид, многумина се радуваа на мирна, просперитетна и обединета Европа, без линии на разграничување. За жал, таквите очекувања пропаднаа. Тие надежи се урнаа како Берлинскиот ѕид, изјави денеска Захарова на прес-конференција во Москва.

Според неа, мирот и безбедноста во Европа треба да бидат универзални и неделливи.

Таа рече дека Русија во својата надворешна политика секогаш ги почитувала и ќе ги почитува тие принципи и оти од партнерите очекува да се „најдат на половина пат“.

Утре се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид – еден од симболите на Студената војна. Ѕидот е изграден во 1961 година поради масовното преминување на луѓето од Источна во Западна Германија. Според одредени податоци, до почетокот на 60-те години на Запад пребегнале околу 1,6 милиони луѓе.

Поврзани вести

Зеленски: Сакам да зборувам за деокупација на Донбас со конкретни рокови

Трамп: Демократите со помош на Ковид-19, ќе ги украдат изборите

Никола Поповски

На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците

Бројот на починати лица во Словенија како последица од Ковид-19 се зголеми на четири

„Вовчето“ на Бајага го „нападна“ кордонот полиција во Белград (ВИДЕО)

Убиен војникот кој застрела 26 луѓе: Војската го ликвидира по ноќната опсада на трговскиот центар (ВИДЕО)