ЕУ СВЕТ

Захарова за изјавата на Макрон: Тоа е јасна дефиниција на сегашната состојба на НАТО

Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на мозочна смрт ја одразува вистината, напиша денеска на Фејсбук портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Колку е тоа точно. Изјавата ја одразува вистината. Тоа е јасна дефиниција на сегашната состојба на НАТО, оцени Захарова.

– Што точно Европа може да стори за контрола на својата судбина? Во 20. век имаше две војни, во 19. век и пред тоа – бесконечен број локални војни, како и активности на ширење идеи со помош на копја и мечеви, оцени портпаролката. Таа дополни дека процесите кои се случиле по потпишувањето на 14 точки од Вудро Вилсон, кои еволуирале за време на Втората светска војна и се развиле во економска и политичка интеграција на Европа, помогнале да се излезе на крај со главните задачи за запирање на бесконечните европски поделби. – Тие, исто така, доведоа и до криза на идентитетот и развојот, заклучи захарова.

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, а Европа на работ на амбис.

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД , односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата. 

 

Поврзани вести

Од што се разболе волонтерката која ја прими вакцината од Оксфорд

Stefanija Kuzmanovska

Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се подобрува

Дали ќе имаме имунитет за корона и дали може повторно да се заразиме? (ВИДЕО)

Александар Петровски

Истражување: Австријците сакаат да работат од дома

Најмалку 16 починати и 13 исчезнати во поплавите на југот на Јапонија

Спасени 44 мигранти од Средоземното Море

user3