Регион СВЕТ

Заразените со коронавирус во Хрватска нема да може да гласаат

Хрватската изборна комисија соопштила денеска дека нејзината одлука да им забрани на граѓаните на кои им е дијагностициран Ковид-19 да гласаат на парламентарните избори e во согласност со законот, со цел да се заштити здравјето на граѓаните од заразни болести.

На 1 јули изборната комисија делумно ги сменила препораките за гласањето, но клучната одредба за забрана за гласање за оние заразени со коронавирус остана.

Комисијата исто така препорачала граѓаните да ја измерат својата температура во недела наутро, и дека доколку имаат повисоки од 37,2 степени и доколку имаат респираторни симптоми карактеристични за Ковид-19, да се јават кај својот лекар.

„Секоја друга, поблага мерка што би се обидела да ја постигне оваа цел, би го загрозила здравјето на граѓаните и веруваме дека во овој случај не можеме да зборуваме за „понизок или повисок степен“ на штета за граѓаните, велат од Комисијата во одговор на невладината организација, Гонг, која ја доведе во прашање уставноста на нејзината одлука за забрана на гласање од страна на оние заразени со коронавирусот.

Во одбрана на својата одлука, Комисијата соопшти дека нејзина обврска е да се обезбеди право на здравје на сите членови на избирачкиот одбор, како и на гласачите, и дека заштитата на членовите кои би контактирале заразените „не може да се обезбеди со маска и нараквици“, јавија хртаватски медиуми.

Инфицираните нема да можат да гласаат на парламентарните избори затоа што на нив им е изречена мерка – изолација, што вклучува забрана за физички контакт со други лица, вклучително и членови на избирачките места.

Поврзани вести

Петти смртен случај од коронавирус во Грција, вкупно 387 заболени

Александар Петровски

Германија под клуч: Се затвораат од продавници до кафулиња, клубови, театри, музеи, бордели и цркви

Шокантно тврдење од Австрија: Бројот на заразени на Балканот е десет пати поголем

Stefanija Kuzmanovska

Мустафа: Дијалогот со Србија може да се заврши наесен

Влатко Зорба

Корона влезе во студентските домови во Белград, заразени 20 студенти

Медведев: Во никој случај не треба да дозволиме повторување на какви било манифестации на насилство

Maja_Serafimova