ЕУ СВЕТ

Зеленски: Можноста украинскиот патнички авион да е соборен од ракета не е исклучена, но се уште не е потврдена

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека можноста украинскиот патнички авион да е соборен од ракета не е исклучена, но оти се уште не е потврдена.

Тој додаде дека за истрагата за авионската несреќа во која загинаа 176 патници и членови на екипажот во текот на денот ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека доказите укажуваат дека иранска ракета го соборила украинскиот патнички авион. Тој истакна дека нападот „можеби бил ненамерен“.

И американски претставници претходно изјавија дека „многу веројатно“ е иранска противавионска ракета да го собори авионот. И тие претпоставуваат дека нападот најверојатно бил по грешка.

Поврзани вести

Клуге: Половина од жртвите на коронавирус во Европа се од домови за нега на стари лица

Колку долго, по вакцинирањето, ќе бидеме имуни на КОВИД-19?

Stefanija Kuzmanovska

СЗО побара зголемено производство на дексаметазон: Ја намалува смртноста кај пациентите со тешка клиничка слика

Епидемија на коронавирус: Што кажуваат балканците што живеат во Кина?

Никола Поповски

Научници: Урбаната експанзија на периферијата на градовите придонесе за ширењето на коронавирусот

Ноќно бомбардирање на Карабах: На мета болница и две згради (фото)

Никола Поповски