Регион СВЕТ

Земјотрес од 3,4 степени според Рихтер предизвика паника кај граѓаните во Албанија

Заедно со пандемијата од новиот коронавирус меѓу албанските граѓани се врати и стравот од земјотреси. По неколкуте во текот на овој месец, синоќа е регистриран земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Министертвото за одбрана на Албанија соопшти дека епицентарот на земјотрсот бил во Дервен, кај Фуш Круја, на длабочина од 34 километри и се почувствувал и во Тирана, Драч и други градови. Освен вознемиреност не се регистрирани повредени лица или материјална штета.

Земјотресот со мал интензитет е почувствуван и во западните делови на Северна Македонија.

Според сеизмолозите последните потреси се последователни на катастрофалниот земјотрес што ја подоги Албанија на 26 ноември минатата година, со интензитет од 6,4 степени, што предивика огромна материјална штета, имаше над илјада повредени и 51 загинат.

Поврзани вести

Бар: Твитовите на Трамп ја прават мојата работа невозможна

Никола Поповски

Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Ковид-19 и треба да бидат повторно тестирани

Трамп до Русија: Престанете да ги поддржувате ѕверствата на Асад во Сирија

Никола Поповски

ФРОНТЕКС предупредува на масовен бран бегалци, откако ќе се укинат ограничувањата

Се отворија фризерските салони во Словенија, се чекаат редици

Курти: Таксата за српски производи ќе се замени со принципот за реципроцитет

Александар Тодески