Вести СВЕТ

Зошто Кипар ги укинува „златните пасоши“?

Кипар ја укинува програмата за државјанство што гарантира влез во ЕУ без визи на сите кои инвестираат најмалку два милиони евра во таа земја, амеѓу оние кои се здобиле со т.н. „златни пасоши“се голем број руски олигарси вмрежени со политички структури и мафијашки кругови, објави Би-Би-Си во вторникот.

Така, островот заработил 4,8 милијарди евра до крајот на 2018 година, а од 2008 година го продал своето државјанство на 1.685 „странски инвеститори“ и 1.651 член на семејство.

Одлуката стапува на сила следниот месец и беше објавена откако Ал Џезира снимила кипарските официјални лица како ја користат програмата за да му помогнат на измислен кинески бизнисмен со криминално досие да добие „златен пасош“.

Еден од тие функционери е претседателот на кипарскиот парламент, Деметрис Силурис, кој објави дека ја предава функцијата на 19 октомври додека не заврши истрагата.

Неговата оставка следела кратко откако владата на вонредна седница во вторникот објави дека го потврдува предлогот за укинување на „програмата за државјанство за инвестиции“.

Златни пасоши предадени на руски олигарси, тајкуни од Кина, Иран, Србија …

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес соопштил дека предлогот е даден како одговор на „слабостите“ во програмата што може да се злоупотреби.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предупредува дека „златните пасоши“ се посериозна закана за меѓународната борба против затајување данок, прикривање на имот, перење пари, финансиска измама и избегнување на санкции наметнати врз одделни земји. Најмалку три милијарди евра се потрошени за купување на „резервна татковина“, според ОЕЦД, бидејќи секој олигарх и мултимилионер од 21 век кој се чува за себе мора да има најмалку уште два, три, а можеби и уште неколку пасоши.

Од 2014 година до крајот на 2018 година, Кипар им поделил „златни пасоши“ на стотици припадници на руската и украинската елита, тајкуни од Кина, Иран, Саудиска Арабија, па дури и од Србија, кои на тој начин станаа државјани на Европската Унија.

Меѓу нив, на пример, се наоѓа алуминиумскиот крал Олег Дерипаска и неговиот сонародник Александар Пономаренко, индустријалец вреден три милијарди долари и познат по тоа што му изградил палата на Владимир Путин за приватно користење во вредност од 350 милиони евра како голем руски патриот.

Поврзани вести

Илјадници Американци протестираа со пушки и пиштоли во рацете

Никола Поповски

ЕК: Потпишавме четири договори за вакцини, цените не се јавно достапни

Никола Поповски

Додик се спротивстави на посетата на Ѓукановиќ на БиХ

Никола Поповски

САД со 160.000 мртви од „Ковид-19“, бројката може да стигне 300.000 до декември

Влатко Зорба

Италијанците направија модел за предвидување на текот на „Ковид-19“

Влатко Зорба

Бајден потврди кој ќе биде државен секретар: Станува збор за искусен дипломат

Stefanija Kuzmanovska