Вести СВЕТ

Зошто некои расни групи се повеќе подложни на заболување од КОВИД-19?

Коронавирусот не ги почитува границите, но не влијае подеднакво врз сите групи на луѓе. Различни фактори влијаат на ранливоста на различните групи, посочува Би-Би-Си и наведува дека некои од нееднаквостите ја вклучуваат расата.

Во Чикаго, 72 проценти од луѓето кои починале од вирусот од почетокот на април биле со црна боја на кожата, иако црната раса сочинува само една третина од населението во градот.

Во Велика Британија, од 1.249 пациенти со потврден „Ковид-19“, 35% не биле белци, а во Англија и Велс, според последниот попис, не-белците сочинуваат 14% од населението.

Би-Би-Си ја наведува нееднаквоста во нивото на приходот како прва причина зошто одредени раси се повеќе погодени од вирусот. Во многу мнозинство бели земји како САД, луѓето од другите етнички и расни групи имаат помал пристап до економски ресурси или пониска заработка.

Дури и пред пандемијтаа на коронавирусот, 91,1 процент од домаќинствата во Јужна Африка кои биле изложени на ризик од гладување биле црни, иако белците сочинуваат 7,9 проценти од населението.

На пример, во САД, Афроамериканците имаат поголема веројатност да имаат дијабетес, срцеви заболувања и хипертензија, кои ги ослабуваат белите дробови и имунолошкиот систем, а луѓето кои имаат хронични болести имаат поголема веројатност да развијат тешки симптоми на КОВИД-19.

Би-Би-Си посочува дека тоа значи дека одредени групи се повеќе погодени од економските последици од коронавирусот.

Економската нееднаквост не е единствената работа што повеќе влијае на одредени групи. Би-Би-Си известува дека непропорционален број на домаќинства во етничките малцинства во Северна Америка и Европа живеат во близина на депониите и дека училиштата на голем дел од учениците од малцинствата се наоѓаат во близина на автопатите и индустриските места, што исто така влијае на респираторното здравје.

Покрај тоа, одредени расни и етнички групи се неразмерно застапени во професиите, кои се под ризик ширум светот.

На пример, 26,4 проценти од транспортниот персонал во Лондон се од малцински заедници, а во САД, земјоделците често се мигранти од Латинска Америка и не им е загарантирана безбедност на работното место затоа што е тешко да се обезбеди физичко растојание на полињата и изолација во камповите на фармерите, БиБиСи

Разликите во живеењето, исто така, прават различни групи да бидат различно погодени од вирусот. Пренатрупаноста веројатно влијае на тоа, колку некоја група е ранлива.

Резултатите од една анкета покажуваат дека во Најроби, 85 проценти рекле дека немаат место во својот дом да изолираат болно лице, а 82 проценти не можат да останат дома 14 дена, главно заради загуба на приход. Исто така, 37 проценти од испитаниците не можеле да ги мијат рацете често поради недостаток на вода.

На ранливоста на одредени групи влијаат и јазичните бариери, пренесува Би-Би-Си, посочувајќи дека во почетокот на пандемија на вирусот, голем дел од упатствата дадени од здравствените установи биле на доминантните јазици.

Поврзани вести

Бројот на заболени од коронавирус во Јужна Кореја ја надмина бројката од 100, од кои половината се припадници на секта

Измамен свет? Прогнозите на еден британски универзитет за Ковид-19 се покажаа како целосно погрешни

Тим од звучни имиња ќе го бранат Трамп на судењето за импичментот

Поплави во Кина: Тројца загинати, илјадници иселени, свлечишта (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ким Јонг-ун одби меѓународна помош за поплавите

Влатко Зорба

САД ја следат ситуацијата во врска со Навални

Влатко Зорба