The post Туристичко – угостителскиот сектор ќе добие 7,5 милиони евра appeared first on СТАНДАРД life.
]]>На состанокот министерот ја презентираше Програмата за финансиска поддршка на туристичко-угостителскиот сектор којашто беше усвоена од Владата, во која се предвидени мерки за поддршка на овој сектор опфатени со четвртиот сет на мерки за ревитализирање на економијата во услови на COVID-19.
Министерот информираше дека со четвртиот сет мерки со директна финансиска поддршка преку директни грантови се опфатени рестораните, игротеките, лиценцираните туристички агенции и туристички водичи. А исто така е предвидено и враќање на туристичката такса за 2019 година за туристичките објекти.
“На почетокот на следната недела Министерството за економија ќе објави пет јавни повици коишто произлегуваат од овие пет мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, а се предвидени во Четвртиот сет на мерки кои што ги донесе Владата. Сите туристички агенции, игротеки, туристички водичи, ресторани кои што организираат свадби и други правни лица од угостителскиот сектор кои што се опфатени со мерките ќе може електронски да аплицираат на платформата “Дома си е дома“ до крајот на месецот. Министерството за економија ќе ги обработува апликациите веднаш по нивното пристигнување, со цел за побрза и навремена исплата на средствата. Целта на овие мерки е преку директна финансиска поддршка да им помогнеме на сите туристички работници и угостители кои што како резултат на пандемијата имаа најголеми загуби“, информираше министерот Бектеши на состанокот.
Вкупната вредност на финансиската поддршка за сите пет мерки, како што информираше министерот изнесува 459.650.000 денари или 7,5 милиони евра, а овие средства ќе се исплатат директно до туристичко-угостителскиот сектор до крајот на годината, односно мерката ќе се реализира во периодот ноември и декември.
“За мерката-грантови за ресторани се предвидени 60.000.000 денари, за грантови за игротеки се предвидени 153.000.000 денари, за грантови за лиценцирани туристички агенции се предвидени 116.850.000 денари, за грантови за туристички водичи 9.800.000 денари, додека за мерката поврат на уплатена туристичка такса за 2019 година се предвидени средства во висина од 120.000.000 денари“, информираше министерот.
The post Туристичко – угостителскиот сектор ќе добие 7,5 милиони евра appeared first on СТАНДАРД life.
]]>The post Бектеши: Поддршка на туристичко-угостителскиот сектор и во четвртиот пакет мерки appeared first on СТАНДАРД life.
]]>Министерот информираше дека како најпогоден сектор, фокусот на Владата беше насочен токму кон поддршка на туризмот и угостителството за што се донесоа и реализираа неколку мерки во изминатите неколку месеци како што се: субвенции за исплата на минимална плата на работниците, ваучери за поддршка на домашен туризам и субвенции за организирање на конференции, семинари и обуки во домашни туристички капацитети.
-Важноста на овој сектор за Министерството за економија го покажува и фактот што еден од првите работни состаноци во новиот мандат е токму овој состанок со Здружението за туризам и угостителство. Поддршката за овој сектор ќе продолжи и во наредниот период преку Четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка. Мерките ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на реалните потреби, истакна министерот Бектеши.
Информираше дека досега се искористени над 25 илјади ваучери за поддршка на домашен туризам, а најголем дел од средствата за финансиска поддршка за исплата на минимална плата се искористени токму од туристичко-угостителскиот сектор, што покажува дека во прв момент поддршката била во вистински правец. Во овој момент Министерството за економија и Владата имаат поголема предвидливост за наредниот период и врз таа основа ќе ги креира идните мерки.
Министерот, исто така, информираше дека во програмата на Владата за четиригодишниот мандат е предвидено намалување на ДДВ на ресторантски услуги, што е едно од долгогодишните барања на туристичките работници.
Од Здружението за туризам и угостителство доставија неколку барања кои Министерството за економија ќе ги разгледа во најбрз можен рок, со цел да се дејствува навремено.
Меѓу барањата од Здружението за туризам и угостителство да се продолжи поддршката за придонеси на вработени, и финансиска поддршка за минимална плата до март месец следната година, ослободување на ДДВ за услуги во угостителството во времетраење од една година, да се предвиди ослободување од ДДВ на туристичките услуги кои се извршуваат надвор од Европската унија, и да се поедностави процедурата за субвенции. Меѓу барањата кои што ги достави туристичкиот сектор се и формирање на Гарантен фонд во туризмот, финансиска поддршка за маркетинг активности за дојдовен туризам, зајакната промоција во земјите од регионот и од Европската унија…
На состанокот беше договорено да се организира заедничка Конференција помеѓу Министерството за економија и туристичкиот сектор за одбележување на Денот на туризмот 27 Септември на која главни теми на дискусија ќе бидат актуелната состојба предизвикана од кризата од која ќе произлегуваат предлог мерки за поддршка на секторот како и реформа на туризмот и угостителството во насока на зајакнување на извозната компонента на секторот.
The post Бектеши: Поддршка на туристичко-угостителскиот сектор и во четвртиот пакет мерки appeared first on СТАНДАРД life.
]]>