Американскиот претседател Доналд Трамп беше исвиркан во неделата од гледачите додека во друштво на сопругата Меланија го следеше петтиот меч од првенството во Светската серија во бејзбол кој се играше во Вашингтон.
Гледачите почнаа да свират кога сликата на Трамп се појави на големиот екран.
Кога на екранот се појавија војници на трибините, свирењето престана, но гледачите почнаа да извикуваат „Затворете го!“, покажувајќи на претседателот.
„Затворете ја“ беше вообичаен слоган на предизборните митинзи на Доналд Трамп кој се однесуваше на Хилари Клинтон, неговата демократска противничка на претседателските избори во 2016. Противниците на Трамп го свртеа тој слоган против него.