Питер Ван Хојте, поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор, во интервју за „ИРЛ“ вели дека Катица Јанева била избор на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека тогашниот премиер Никола Груевски ја предложил, но имал чувство дека на СДСМ не им пречело тоа, односно дека тие претходно веќе контактирале и се договориле за неа како кандидат.
„Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор. Тоа е моето чувство. Потоа тој кандидат беше избран. Ми беше драго, повеќе не постоеше проблем. Тие разговараа и надвор од процесот. Верував во тоа време дека тоа е добар развој. Сега не сум сигурен. Можеби тоа било дел од поголем договор. Не знам, но можеби еден ден појасно ќе ми биде. И ако ве прашам диркетно на чиј избор беше Катица Јанева, што ќе ми одговорите? Јасно е дека беше избор на ВМРО, тогашниот премиер Груевски ја предложи, но имав чувство дека на СДСМ не им пречеше. Дека тие претходно веќе контактирале и се договориле за неа како како кандидат”, вели Ван Хојте.