ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Герила акција на плоштад – прислушување никогаш повеќе!

Герила акција на плоштадот во центарот на градот со која се потсетува на прислушувањето кое се вршеше од страна на минатата власт.

„Повеќе од 20.000 прислушкувани функционери,новинари, судии, обвинители политичари, верски лица,професори, лекари и граѓани во над 600.000 телефонски разговори. Никогаш повеќе“, пишува на мобилниот телефон.

За прислушувањето, Специјалното јавно обвинителство подигна обвинение „Таргет-Тврдина“, каде што беа обвинети ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, началникот на петтата управа, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и шест други службеници во УБК.

Според СЈО, прислушувањето било извршено во УБК, а незаконски биле следени 5.827 броја и биле прислушувани над 20 илјади граѓани. На голем број новинари и граѓански активисти во 2015 им беа врачени „папки“ со нивни прислушувани разговори.

Во 2015 година лидерот на тогашната опозиција, Зоран Заев, обелодени дека се прислушувани над 100 новинари.

ПрислушувањеПрислушувањеПрислушувањеПрислушување

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Нехар: Тенденциозно и селективно беа вратени двата наши автобуси без никакво образложение

Влатко Зорба

Ахмети: Мицкоски предложи професионалец за МВР

Ангеловска – Јан Коп: Ќе продолжи размената на искуства со Холандија за реформи во јавните финансии

Влатко Зорба

Арифи: Иванов стори кривично дело со давање аболиции без правен основ (ВИДЕО)

Владата го раскина договорот за концесија на Охридското Езеро

Државава единствена во регионов без вонредна состојба