ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Како изгледа Скопје по стапувањето на сила на полицискиот час

Од вечерва во земјава на сила стапува полицискиот час. Забрането е движењето на граѓаните од 21 до 06 часот секој ден.

Центарот на Скопје вечерва е празен, а на улиците може да се забележат само новинарски екипи и припадници на полицијата.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вечерва порача граѓаните максимално да ги почитуваат мерките и ограничувањата за движење, не само за време на полицискиот час, туку и преку ден.

Тој апелираше да не се излегува надвор без нужна потреба.

Инаку полицискиот час нема да важи за МВР, армијата, пожарната и лица кои работат во Комунална хигиена.

Нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно-загрозувачка состојба, лица кои одат на дијализа исклучиво во придружба на најмногу две лица.

Новинарите и медиумските работници, исто така, ќе бидат едни од исклучоците од полицискиот час.

Полициски часПолициски часПолициски часПолициски часПолициски часПолициски часПолициски часПолициски час

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Затворени се сите гранични премини за влез во државата

Двајца актери приведени во полициска станица, прекинале проба на театарска престава во Гостивар

Ивана Рамаданова

МВР добило 16.000 барања за пасоши, а има само 3.000 обрасци, ќе добиваат оние на кои им е итно за лекување

Александар Тодески

Зибери: Доколку се создадат услови за избори на 21 јуни, ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе го одбрани ставот за бојкот

Царовска: За декемвриската плата имаме зголемување кај повеќе од 106 илјади работници во нашата држава

Трипуновски: Димковски дели земјоделско земјиште спротивно на законот

Берта Китинска