ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

(ГАЛЕРИЈА) Мобилната болница кај Инфективна во функција до крајот на неделава

Мобилната болница која ќе биде поврзана со Инфективната клиника и со која се дуплира капацитетот за хоспитализација на заразени со коронавирус и денеска се опремуваше од страна на Армијата.

Болницата се состои од повеќе шатори кои се меѓусебно побрзани, а ќе има ходник со кој ќе се поврзе со Инфективната клиника.

Како што соопштија од Министерството за здравство, мобилната болница ќе има капацитет до 130 легла. Таа ќе се користи доколку има голем број пациенти заболени од новиот коронавирус кои ќе имаат потреба од болничко лекување.

– Се поставуваат креветите во мобилната болница, завршено е греењето и ладење. До крајот на неделата целосно ќе биде во функција, но се уште нема потреба од тие капацитети. Капацитетот на Клиниката е 50 посто исполнет, рече Филипче.

Мобилната болница е поставена на просторот, каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Мобилна БолницаМобилна БолницаМобилна БолницаМобилна БолницаМобилна БолницаМобилна Болница

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Како функционира апликацијата StopKorona? (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Конференција во Солун за перспективите на Западен Балкан во ЕУ

Берта Китинска

Јовановски поднесе пријави во ОЈО

Македонски полициски синдикат: Пратениците да покажат зрелост и да дадат поддршка за Предлог Законот за Агенција за разузнавање

Влатко Зорба

Страшевски: Нема раздвојување на судењето за Трајковски

Ивана Рамаданова

Синдикатот на пожарникари задоволен од зголемувањето на блок дотациите за плати во Предлог-буџетот

Влатко Зорба