ВИДЕО/ФОТО Политика

(ГАЛЕРИЈА) Обвинитетите од 27 април пристигнаа во судот

Обвинитети од насилствата од 27 април во Собранието пристигнаа во судот.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, започна во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

– Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, се наведува во обвинението од ОЈО.

Поврзани вести

Османи: Бугарија не планира да го блокира процесот, даде поддршка за почеток на преговори

Заев: Состанок со Бектеши и концесионерите за решавање на проблемот со каменоломите во Лабуништа

user3

Блокадата за Северна Македонија е регрес и огромна грешка, сметаат американски дипломати

Влатко Зорба

Костадинов: Ако упорно ВМРО-ДПМНЕ избегнува консензус, тогаш изборите по сила на закон треба да бидат на 21 јуни

Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе преразмилсат за својата одлука за преговорите со С.Македонија, вели Аврамопулос

Влатко Зорба

Анкета : 44 проценти од граѓаните имаат негативно мислење за работењето на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ