ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Отворен ден на „Дрисла“, Шилегов ветува работење по прописи

Активисти од еколошките граѓански организации и новинарски екипи денеска ја посетија депонијата „Дрисла“ и направија увид во состојбата на теренот, во рамките на отворениот ден на „Дрисла“ што го организираа Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Во моментов, овде во „Дрисла“ по мој налог се врши внатрешна ревизија со цел да ги видиме сите движења на финансиите. Наидуваме на чудни работи, луѓе коишто живеат во Австралија се воделе како вработени овде и им била давана плата. Работиме и на тоа да ја оспособиме машинеријата што ја имало јавното претпријатие пред да стане приватно со цел трошоците за изнајмување градежни машини што било пракса во минатото да ги избегнеме или намалиме. Заедно со тимот и со директорот Коста Начевски сме во разработка на план за набавка на нов стерилизатор, кој според моите очекувања може да биде ставен во употреба во април годинава и да се доврши договорот кој за жал никогаш не беше реализиран од приватните партнери. Во разговори сме и за гасовите што се создаваат овде, да биде изградена постројка со која од тие гасови ќе се произведува електрична енергија. Мојата идеја и цел е со инвестиции во овој дел и со инвестиции во пречистителната станица за отпадната вода „Дрисла“ да стане првата санитарна депонија во нашиот град – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов нагласи дека Градот и тој, како градоначалник, по 20 јануари се гарантот за исправноста на идното работење на „Дрисла“.

– Гарантирам пред граѓаните дека по 20 јануари, се додека сум јас градоначалник на Скопје, овој капацитет на Град Скопје ќе работи според сите позитивни законски прописи и сите немили случки или сомнежи дека нешто такво би можело да се случи, во иднина ќе ги нема, изјави Шилегов.

Дрисла ОтпадДрисла ОтпадДрисла ОтпадДрисла ОтпадДрисла ОтпадДрисла ОтпадДрисла ОтпадДрисла Отпад

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Преживеаните од автобуската несреќа кај Ласкарци денеска ќе сведочат во Кривичниот суд

Maja_Serafimova

Телеграмата на Чулев – причина за куќата на премиерот Спасовски да остане без обезбедување?

Никола Поповски

Николова: Доколку би можел пратеник, министер, претседател да има двојно државјанство, зошто не и амбасадор

Stefanija Kuzmanovska

Министерот Димитров очекува поддршката од Латвија, Луксембург и Ирска за нашите евроинтеграции

Ивана Рамаданова

Поповска: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги кажат аргументите за блокирање на измените во Изборниот законик

Александар Тодески

Оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Влатко Зорба