ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Почнаа да се полнат трговските центри со купувачи

Почнаа да се полнат трговските центри со купувачи. Граѓаните се задоволни што повторно може да отидат на шопинг или да се прошетаат низ моловите.

Од вчера почнаа со работа и спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри, а се отвора и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.

Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Тие ќе работат со ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени.

Владата ги објави протоколите за начинот на работа кои произлегуваат од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Во нив е наведено дека  работното време е за моловите е од (10:00-18:00) /затворени во недела.Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените.Задолжително носење на заштитни маски на купувачите.

Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Граѓаните затекнати во Словенија тргнаа дома за Северна Македонија

Стопирани поштенските пратки од кај нас кон Кина

Stefanija Kuzmanovska

Ќе се формира работна група за вршење увид во изворниот код на апликацијата „СтопКорона!“

Влатко Зорба

Филипче: Не чувствувам одговорност за развојот на епидемијата

Никола Поповски

Денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот „Рекет”

Берта Китинска

Земјоделците да се воздржат од какво било палење оган на отворено

Maja_Serafimova