ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

(ГАЛЕРИЈА) Протест пред УСЈЕ, оттаму велат дека ништо не кријат и постојано се отворени за граѓаните

Иницијативата Движење за чист воздух денеска одржува протест пред цементарницата УСЈЕ затоа што што според нив, треба заеднички да се покаже револтот поради загадувањето.

Со протестот, како што потенцираат, покажуваат само собир на истомисленици, а со блокада на цементарницата се покажува отпор кон политиката на молк и бизнис на штета на нашето здравје.

Од цементарница УСЈЕ, пак, велат дека тие не се причинител на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје

Според нив, нема потреба од блокада на Цементарница УСЈЕ, затоа што сите релевантни мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во нашиот град.

Тие апелираат да не се шират непроверени информации и шпекулации за оваа важна тема, затоа што тие, покрај врз компанијата, нанесуваат штети и во напорите за лоцирање на вистинските проблеми со амбиенталниот воздух во нашиот град и врз преземањето ефективни мерки за почист воздух, а единствено имаат популистички ефект.

УСЈЕУСЈЕУСЈЕУСЈЕУСЈЕ

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да ги чита водомерите кои се наоѓаат во објектите и нема да исклучува

Филипче: Влегуваме во вториот месец во борбата против коронавирусот, во овој период ќе расте бројот на починати

Берта Китинска

Филипче до здравствените работници: Докажавте дека со својата стручност и посветеност сте столбот на нашиот здравствен систем

Град Скопје годинава бесплатно ќе ги подига остатоците од бербата

Обвинение за лице кое му се заканувало на Заев на Фејсбук

Влатко Зорба

Филипче: Заразениот лаборант од Детската клиника немал контакт со пациенти, скрининг на теренот во Дебар и Центар Жупа