ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

(ГАЛЕРИЈА) Скопје со намалено темпо за време на коронавирус

Улиците во Скопје и денеска се полупразни, а сообраќајот со намален интезитет поради ситуацијата со коронавирусот и новите мерки на Владата донесени на синоќешната седница.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1),соопштија од МЗ.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, Владата вчера ја замени со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вчерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.

КоронавирусКоронавирусКоронавирусКоронавирусКоронавирусКоронавирусКоронавирусКоронавирусКоронавирус

Поврзани вести

ЕУ: Макрофинансиска помош од 80 милиони евра за С.Македонија за борба со коронавирусот

Филипче: Ги повикувам институциите да ги истражат лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на Груевски и обвинетите во „Монструм“

Александар Петровски

Димковски: За првпат нема да враќаме пари во ЕУ од ИПАРД 2

Никола Поповски

Шекеринска од Македониум: Нема веќе страв, а има нова слобода

Хоџа: Ќе има редефинирање, но на остатоците од режимот преку реформи