ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Термални камери ги скенираат патниците кои пристигнуваат од Истанбул и Дубаи на аеродромот во Скопје

На меѓународниот аеродром Скопје веќе се применуваат превентивни мерки против коронавирусот.

Со термална камера се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат поврзани врски со регионот во Кина каде што е жариштето на овој вирус.

На аеродромот се активирани и лекарски екипи кои прават преглед на сомнителните патници.

Изминатите четири дена на термалната камера поставена на скопскиот аеродром поминале околу 2.000 патници од летовите од Дубаи и Истанбул, но кај нитуеден патник не се регистрирани сиптоми како што се покачена температура кој можат да предизвикаат сомнеж за коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој порача дека нема простор за паника од ширење на корона вирусот во Македонија.

– Засега немаме патници со симптоми на корона вирус во Македонија. Доколку има пациенти со такви симптоми, имаме изолација, се знае како се постапува, истакна Филипче.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Заев: Ова е нов Балкан, Балкан на 21 век

Никола Поповски

Мирко Попов: Сегашната Универзална сала е ругло на градот, треба да се урне и да се изгради нов објект

Димитров: Дали бевме погорди како Македонци кога нашата репрезентација настапуваше под БЈРМ, небаре сме држава-дух?

Заев: Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец е комплетно популистичка и националистичка

Коронавирусот не стивнува, Скопје, Штип и Тетово со најмногу активни случаи

Времето денеска студено и облачно со услови за снег

Александар Тодески