ВИДЕО/ФОТО Политика

ГАЛЕРИЈА: ВМРО-ДПМНЕ маршираше во Скопје и побара правда

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва маршираше во Скопје и побара правда.

Протестот започна од пред зградата на Јавното обвинителство, по што членовите и симпатизерите на оваа партија се движеа по кејот на реката Вардар до Врховниот суд.

На протестот присутните извикуваа „Никогаш Северна, само Македонија“,„Сакаме правда“, вееја знамиња со Сонцето од Вергина, а на чело на колоната имаше транспарент на кој пишуваше „Заев е виновен“. Имаше и транспаренти за шефицата на Обвинителството против организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Присутните побараа промена на актуелната власт за, како што велат, да „дојде правдата во Македонија“.

Пред присутните се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој изнесе низа обвинувања кон експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев истакна дека судската и обвинителската власт се „брутално згазени“.

Протест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕПротест на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Владата ги определи замениците претседатели, портфолијата на министрите без ресор и претседателите на основните комисии

Влатко Зорба

Партиите далеку од договор за промена на изборниот модел

Влатко Зорба

Уште две земји дадоа „зелено светло“ за влез на Северна Македонија во НАТО, членството се поизвесно

Влатко Зорба

Манчевски на Code Week во Битола

Влатко Зорба

Османи: Владите на Северна Македонија и Србија го усвоија Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовце

Влатко Зорба

Објавен нацрт-извештајот за ревидираната методологија на пристапните преговори

Влатко Зорба