ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

(ГАЛЕРИЈА) Втор ден полициски час во Македонија

Втор ден полициски час во Македонија. Во Скопје и градовите ширум државата можеа да се видат само полициски патроли. На одредени места сепак се јавува за приведувања на граѓани, кои го прекршиле полицискиот час. Полицијата сопираше и автомобили за проверка.

Инаку Владата денеска донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните.

На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вечерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.

Полициски часПолициски часПолициски часПолициски часПолициски часПолициски час

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Димитров ја обвини опозицијата за недонесувањето на законот за ЈО

Maja_Serafimova

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири лажни вести кои им се алиби за претстојниот пораз на изборите

Берта Китинска

Македонско-германски форум: Шокот од Брисел можеби е повик за будење на политичарите

Влатко Зорба

Град Скопје: Седи дома и освои 100 евра

Адвокатот Страшевски од предметот „ТНТ“ наместо на судење заминува на годишен одмор

Рускоска: Ако некој има сознанија дека некој судија постапувал непрофесионално, тоа треба да се пријави во Судскиот совет

Влатко Зорба