ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

ГАЛЕРИЈА: Знамето на НАТО се вее пред Собранието

Знамето на Северноатланската алијанса се вее пред Собранието на Република Северна Македонија.

По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Претходно Собранието со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за Ратификација на Северноатланскиот договор, кој ќе стапи во сила по ратификација на Протоколот за НАТО од страна на Шпанија.

Северна Македонија по овој чин се очекува да стане 30-та земја членка на НАТО.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Вархеји: Северна Македонија е подготвена за преговори, нема промени во тој став

Кривична за четворица за пукањето во Палас, МВР уште трага по едно од лицата

Александар Тодески

СОНК реагира на неисполнувањето на договорот за зголемување на платите во високото образование

Берта Китинска

Кривичен суд: Нови рочишта за случаите „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“

Ивана Рамаданова

Јонуз за Законот за јазици: Тој „жежок камен“ ќе биде ре-актуелизиран во даден момент за да се дефокусира се останато

Христина Николовска

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов на средби со Македонците во Австралија

Никола Поповски