СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google со сериозен напредок при квантните компјутери (ВИДЕО)

Квантните компјутери звучат футуристички и во голема мерка тие се точно такви, но работата за нивно реализирање не запира. Денес, Google се пофали дека неговиот тим направил голем пробив во развојот на вакви компјутери, што отвора нови можности за технологијата.

За разлика од класичните компјутери кои се насекаде околу нас, квантните се засноваат на принципите на квантната механика. Ова може потенцијално да им овозможи да решат проблеми што би биле тешки, па дури и невозможни за традиционалните компјутери – работи како што се дизајнирање на подобри батерии, наоѓање молекули за создавање подобри лекови или намалување на емисиите од производство на ѓубрива. Тие исто така можат да помогнат во подобрувањето на постојните технологии, како што е машинското учење.

Денес, списанието „Nature“ ги објави резултатите од обидите на Google да создаде квантен компјутер што може да изврши задача што ниту еден класичен не може да ја изврши – ова е познато како quantum supremacy (квантна надмоќ). Чипот на Google, именуван Sycamore, успеа да направи пресметка за 200 секунди, што би одзело 10.000 години на најбрзиот суперкомпјутер.

Пресметката има мала практична примена – таа го проверува исходот на квантен генератор на случаен број, но експертите велат дека тоа е значајно научно достигнување. Во меѓувреме, други истражувачи работат на подобрување на класичните алгоритми за да ја завршат задачата, за да ги намалат наведените 10.000 години од страна на Google.

Пред неколку дена, експертите на IBM рекоа дека проблемот може да се реши за 2,5 дена користејќи различни класични техники, но ова тврдење сè уште не е оценето од други научници. Ако компанијата сепак е во право, тогаш достигнувањето на Google нема да биде толку невозможно како традиционалните компјутери, но сепак ќе биде главна пресвртница во истражување на квантните компјутери.

И покрај недостатокот на практична примена од откритието на Google, во интервју за „MIT Technology Review“, Сундар Пичаи, извршен директор на компанијата, рече дека некаде треба да се започне. Тој прави аналогија со браќата Рајт, чиј прв авион можеше да лета само 12 секунди, што немаше корист, но покажа дека авионите можат да летаат.

Поврзани вести

Фејсбук лансира гејмерска апликација

msp-admin

ВИДЕО покажува интересна промена во дизајнот на Mate X

msp-admin

Македонија обележува еден век инженерство

msp-admin