ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

Компас пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Нова герила акција, овој пат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред „белата палата“ во Центаротна Скопјесе појави Компас на кој стрелките се насочени кон ЕУ и НАТО.

Со ова се прашува опозициската партија дали ќе го употребат компасот по влегувањето на земјава во НАТО и добивањето зелено светло за старт на преговорите со ЕУ.

Инаку во Вашингтон вчера беше направен и последниот чекор за полноправно членство на Северна Македонија во Алијансата- депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот.

Во понеделник, македонското знаме ќе биде развиено на јарболот пред седиштето на Алијансата во Брисел и пред две други команди заедно со останатите 29.

„Ова е историски успех кој, по три децении независност, конечно ја потврдува нашата безбедност и ја гарантира нашата иднина. Честитки! Го заслуживме ова“, порача македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека членството на Северна Македонија „ќе поддржи поголема интеграција, демократски реформи, трговија, безбедност и стабилност во целиот регион“.

КомпасКомпасКомпасКомпас

Поврзани вести

Ахмети: Треба да се има консензус за датумот за избори

Годишна стипендијата од 6.500 денари за 42 студенти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Maja_Serafimova

Заев на средба со пратенички од Сириза: Договорот од Преспа донесе придобивки за двете земји и го отвори нашиот пат кон ЕУ и НАТО

Шекеринска: Игри со политики не се дозволени во сегашната криза со коронавирусот

Четири месечно бебе од Кочани е позитивно на коронавирусот, мајката ги чека резултатите од нејзините тестови

Берта Китинска

Владата денеска ќе ја одржи 161 седница

Maja_Serafimova