ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

Коронавирусот го испразни Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Мерките против коронавирусот го испразнија Скопје.

Екипата на Стандард денеска забележа намален интензитет на сообраќајот, како и намалена фреквенција на движење низ скопските булевари. Плоштадот Македонија и Градскиот трговски центар (ГТЦ) низ кои има раздвиженост денеска се со намален интензитет.

Владата забранува настани на отворен и затворен простор над 1.000 лица на територијата на цела држава во следните 14 дена, а се препорачува да се откажат и да не се организираат настаните со број учесници помал од оваа бројка.

Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во период од следните 30 дена. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните подрачја во период од 14 дена.

Владата апелира возрасните и хронично болни да го избегнуваат јавниот превоз и да не се патува во земјите од висок ризик. Се забранува и организиран автобуски превоз до Италија, Германија и Франција.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Зекири: ДУИ е проблем во државава

Viktor Jovanov

Владата денеска ќе одржи нова седница

Денеска облачно и повремено врнежливо време

Влатко Зорба

СДСМ: Извршителот Мицкоски вечерва призна – најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство

Никола Поповски

Скопје е фатено „во тесно“ кога станува збор за јавни тоалети

Никола Поповски

Јавен повик за организирање авионски превоз за македонските државјани од Берлин, Бон и Минхен

Берта Китинска