ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

„Не верував во корона додека не и отидов на кафе“, на повеќе локации во Центар и Чаир осамнаа пораки за подигнување на свесноста за борбата со Ковид 19

Утрово во Скопје, на повеќе локации во Центар и Чаир, како и по должината на кејот на реката Вардар,  осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.

Транспарентите, изработени на македонски и албански јазик, се поставени на мостови и надвозници на најфреквентни локации и се приметува интенцијата на авторите дека сакаат да допрат до што поголем број на граѓани. Пораките се насочени кон сите граѓани, вклучително и оние кои имаа сомнеж во постоењето на ковид-19 вирусот и опасностите кои ги носи со себе.

Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Северна Македонија, но исто така и период во кој има бројни обвинувања во јавноста за непостапување на МВР и техничкиот министер Наќе Чулев во рамки на нивните надлежности за спроведување на мерките за заштита од вирусот.

Поврзани вести

Груевски: Не сум организирал насилство, сосема нормално беше наши членови да учествуваат на мирни протести

Никола Поповски

Од денес повторно сончево и топло време

Берта Китинска

Во Прилеп ситуацијата со Ковид-19 е сериозна, но не е алармантна

Влатко Зорба

Продолжуваат обвинувањата помеѓу власта и опозицијата за скандалот со медицинскиот отпад

Александар Тодески

Заев за ВМРО-ДПМНЕ: Зошто го слават и пеат Тодор Александров, тој e предавникот на нашите војсководци

СВР Тетово: Изречени вкупно 704 мерки за појаси

Никола Поповски