ВИДЕО/ФОТО Технологија

Нов тест покажува колку е издржлива шарката на Galaxy Fold (ВИДЕО)

Неодамна видовме како ажурираната верзија на паметниот телефон со екран на преклоп, Samsung Galaxy Fold се справува со тестовите на JerryRigEverything, а сега SquareTrade пушта видео од своите тестови.

Тие користат робот за да откријат колку преклопувања ќе издржи уредот, што според Samsung треба да функционира по 200.000 вакви движења. Резултатите од SquareTrade го побиваат ова тврдење, затоа што по 18.500 преклопувања, се појавува штета во група на пиксели, а при 120.000 се појавува проблем со функционирањето на шарката.

Компанијата спроведува и тест со испуштање на уредот од висина од 1,83 метри, при што еден пад е доволен за сериозно оштетување на уредот. Ова се случува и покрај употребата на вклучената со него заштитна обвивка и се однесува и на главниот екран и на надворешниот.

Како заклучок, можеме повторно да истакнеме дека ако ви се случи да го добиете Galaxy Fold, мора да бидете многу внимателни како работите со него.

Поврзани вести

Sony развива нов 5,5-инчен Xperia Compact смартфон

Влатко Зорба

Tesla покажа футуристички пикап Cybertruck (ВИДЕО)

Влатко Зорба

NVIDIA ќе ја оптимизира технологијата Ray-Tracing за класични компјутерски игри

Влатко Зорба

Како да избегнете „seen“ на Facebook? Овој малку познат трик ја крие таа опција во Messenger

Microsoft може да го преработи Windows на нов јазик

Влатко Зорба

Microsoft прави Windows 10Х ОС базиран на IoT

Влатко Зорба