ВИДЕО/ФОТО Технологија

Samsung ги претстави Galaxy S20, S20 + и S20 Ultra (ВИДЕО)

Samsung ја претстави новата серија на смартфони Galaxy S20 од висока класа, кои го револуционизираат начинот на кој го перцепираме светот околу нас. Galaxy S20 за прв пат на пазарот воведува комплетно нова архитектура на камерата која комбинира вештачка интелигенција и најголемиот досега сензор за фотографии на Samsung, давајќи неверојатен квалитет на кадрите.

Покрај тоа, Galaxy S20 го олеснува нашето искуство со телефонот полесно и пријатно од кога било: можеме да уживаме во омилената музика во секое време, да гледаме видео на најпривлечен начин и да играме игри во движење, како да сме на нашата конзола дома.

5G

5G го означува почетокот на новата декада во иновациите во мобилни телефони. И за да и се даде живот на оваа следна генерација на поврзување, секој модел на Galaxy S20 – Galaxy S20, Galaxy S20 + и Galaxy S20 Ultra – е подготвен за најновата технологија 5G.

Камери

Со поголем сензор за фотографии, резолуцијата на сериите Galaxy S20 е значително зголемена за да се потенцираат детали со неверојатна јасност на сликата и да се понудат можности за обработка. S20 и S20 + имаат 64-мегапикселна камера, додека Galaxy S20 Ultra има камера од 108 MP. Друга предност се широките сензори кои бараат повеќе светлина за поквалитетни слики со слаба осветленост. S20 Ultra оди еден чекор понапред со опцијата динамично да се префрлате помеѓу 108MP висока резолуција и режимот 12MP, благодарение на небинарната технологија која комбинира 9 пиксели во еден, на едно сензорско ниво.

Технологии на зумирање

Space Zoom технологијата на Galaxy S20, која комбинира Hybrid Optical Zoom и Super Resolution Zoom, вклучува и дигитална функција за зумирање на база на вештачка интелигенција. Може да се приближува многу близу, дури и кога сте многу далеку од објектот на снимање. Се користи вкупно зумирање до 30x со Galaxy S20 и S20 + или може да се префрли на револуционерните леќи на S20 Ultra, кои користат вештачка интелигенција, процесор за повеќе слики за да го намали квалитетот при високо ниво на зумирање, така што корисниците можат да користат Super Resolution Zoom с до 100Xзголемување со почиста од кога било слика.

Професионални можности за снимање видео

Galaxy S20 нуди импресивни можности за снимање на 8K видео, така што корисниците можат да го снимат својот живот во неверојатно реална слика и квалитет. А по снимањето, корисниците можат да го пренесат видеото на нивниот Samsung QLED 8K ТВ и да уживаат во најдобро визуелно искуство. Дури и најнестабилната слика се чини дека е снимена со видеостабилизатор, благодарение на неговиот режим за суперстабилност, стабилизација при ротација и анализа на движење со помош на вештачка интелигенција.

Аудио

Без разлика дали само што се будите или одите во теретана, можете да уживате во омилените песни со новата интеграција помеѓу Spotify и Bixby Routines. Со помош на Music Share, можете да го поврзете вашиот уред со аудио системот во вашиот автомобил или паметен звучник, така што вие или вашиот придружник може да ја преземете улогата на диџеј додека патувате.

Ексклузивен стриминг

Благодарение на професионалната камера на Galaxy S20, Netflix и Samsung се здружија да го стават Galaxy S20 во рацете на познати режисери за да донесат ексклузивна содржина за корисниците на Samsung. Покрај тоа, ќе можете да пребарувате и гледате програми и производи на Netflix со само една говорна команда до Samsung Daily, Bixby и Finder.

Исклучително искуство со игри

Galaxy S20 го носи мобилниот гејминг на следното ниво. На неговиот 120Hz екран ќе уживате во исклучително добар гејминг – совршено преку 5G мрежа. Подоцна оваа пролет, Microsoft, партнер на Samsung, ќе ја објави својата популарна игра Forza Street во продавницата Galaxy. Ова ќе биде вистински настан, бидејќи играта за прв пат ќе излезе во мобилна варијанта. Комбинирајќи брз процесор, 12 GB RAM меморија, аудио, подесено во патнерство со AKG и засилувач на игри (game booster) што работи постојано за да ги оптимизира поставките за најдобри перформанси, Galaxy S20 дава моќно искуство во игри.

Батерија

Подготвени со поголема и попаметна батерија, Galaxy S20 поддржува брзо полнење од 25W, а Ultra исто така поддржува супер брзо полнење од 45W. Целата серија е опремена со голема количина меморија (128 GB за S20; 128 GB за Galaxy S20 + и 128 GB S20 Ultra).

Софтвер

Со Galaxy S20 добивате најчист, наједноставен и најинтуитивен интерфејс некогаш со One UI 2. Може да го користите и Galaxy S20 за да го контролирате вашиот паметен дом со SmartThings, да ги постигнете вашите здрави животни цели со Samsung Health, плаќате со Samsung Pay и многу повеќе.

Пред-нарачките за новите модели на Galaxy S20 започнуваат денес, 11 февруари, а преднарачките во Европа ќе стартуваат на 13 март.

Поврзани вести

Мистериозниот гејминг смартфон на Lenovo ќе го „сруши“ AnTuTu

Влатко Зорба

Google Translate за Android станува попаметен

Влатко Зорба

Google Play престана да шпекулира за коронавирусот

Влатко Зорба

„Тесла“ испорачува бесплатни респиратори на болниците ширум светот

Switch Pro со премиера во лето?

Влатко Зорба

Huawei предизвикаа интерес со мистериозен уред

Влатко Зорба