Големи дози на витамин В значително го успоруваат развојот на Алцхајмеровата болест кај возрасни луѓе, открија британски научници.
Експерти од Универзитетот Оксфорд тврдат дека примање на Б6 и Во 12 секој ден ја намалува речиси за половина брзината со која атрофираат мозочните клетки.
Според нив ова е прв чекор кон откривање на метод, кој ќе го одложи доаѓањето на болеста. Во текот на две години 168 возрасни пациенти добивале таблети – на половина им давале дози Б6 и Б12, кои постојано ги надминуваат препорачаните дневни количини на другата половина – плацебо. На крајот на експериментот покажал дека кај луѓето кои земале витамини, намалувањето на мозокот се е одложено просек со 30%, а во некои случаи и со над 50 отсто.
Некои витамини од Б-групата како Б6, Б12 и фолната киселина го контролираат нивото на хомоцистеинот во крвта – а високите нивоа на хомоцистеин се поврзуваат со побрзото намалување на мозокот и Алцхајмерова болест, потсетува Би-Би-Си.