„Јас ќе ја формирам новата Влада во Република Македонија. Ја имам поддршката од 67 пратеници за да бидам мандатар. Овие 67 пратеници претставуваат околу 700.000 граѓани на Македонија кои на кредибилни избори гласаа на 11 декември. Никој нема право да ја погази волјата на мнозинството граѓани изразена на демократски начин преку избори. Мора да се почитува мнозинската волја, тоа е порака и од домашната јавност и од меѓународната заедница. Никола Груевски имаше можност да формира Влада – не успеја. Не може затоа што Груевски не успеал да формира Влада, да нема нова Влада, кога на демократски, легитимен начин, познат за целиот демократски свет, е формирано новото парламентарно мнозинство, кое што е одраз на волјата на граѓаните изразена на избори. Тие со пенкало и глас се изјаснија за промена на режимската власт и живот и развој на демократска и европска Македонија! И тоа е патот на Македонија!“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев за хрватскиот весник „Вечерњи Лист“.
Заев за „Вечерњи лист“: Ќе ја формирам новата реформска Влада во Македонија!
