Некои можеби слушнале дека дводневен ефективен штрајк против социјалните медиуми се одржа претходно овој месец. Тоа се случи на 4 и 5 јули. Организатор беше Лари Сангер, коосновач на „Википедија“. Деновите пред овие датуми, тој ги повика корисниците на интернет да престанат да користат социјални медиуми во двата дена на протестот.
Во својот повик, Сангер рече дека штрајкот треба да ја покаже “огромната потреба“ за радикални промени во светот на социјалните медиуми.
Но, многумина го доведоа во прашање влијанието на протестот.
Голема потреба за промена
„Човештвото се користи безмилосно од огромни дигитални империи“, рече Сангер во својата Декларација за дигитална независност, напишана по повод штрајкот. Таа ги повикува социјалните мрежи да бидат децентрализирани и да станат системи кои го почитуваат правото на слобода на говорот, приватноста и безбедноста.
„Го одобрувавме, па дури и го прославувавме (корпоративниот принцип) со години, се додека ја користи нашата комуникација и труд – без компензација за нас. Но, стана јасно дека бесрамниот, таен, контролирачки и експлоатирачки дух ги раководи централизираните интернет мрежи и корпорациите зад нив“, пишува Сангер.
„Ние ќе ги стегнеме нашите мускули како општество и ќе бараме гигантските манипулативни корпорации да ни ја вратата контролата врз нашите податоци, нашиот личен живот и нашето корисничко искуство“, рече Сангер во изјавата на неговиот блог. Луѓето мора да покажат колку се незадоволни од моменталната ситуација.
Што треба да се промени, според технолошкиот експерт?
* Корисниците мора да имаат контрола над нивните податоци – на начин, како што ги контролираат своите пораки, мејлови и блогови;
* Платформите за социјални медиуми треба да бидат интероперабилни, а не одделни силоси со податоци;
* Социјални медиумитреба да се натпреваруваат едни со други врз основа на заеднички сет на податоци, нудејќи го најдоброто потрошувачко искуство;
* Секоја платформа да следи разновиден сет на протоколи и стандарди.
„Социјалните медиуми мораа да се развиваат на тој начин од самиот почеток, а не да бидат заклучени во одделни, конкурентни мрежи“, рече ко-основачот на Википедија.
Многу бучава пред сè
„Ние ќе направиме голема бучава“, изјави специјалистот на неговиот блог пред штрајкот. И во голема мера тоа се случи – само не за време на штрајкот, но пред тоа.
Стотици медиуми пишува за планот на Сангер за штрајк против социјалните медиуми на 4 и 5 јули. Но, во деновите на протестот, немаше многу осврти за тоа што се случуваше.
Социјалната мрежа на Reddit, создадена од самиот Сангер, беше „умртвена“, а нејзините посетители беа повикани да не објавуваат ништо друго, освен да изразуваат сочувство со протестот.
Во Обединетото Кралство, Сангер повика на поголема безбедност, особено за децата.
„Ние живееме во поврзана генерација. Интернетот и сите нејзини чуда се тесно испреплетени во нашиот секојдневен живот. Ние не треба да ги заштитуваме нашите деца од тоа да го користат, но мора да побараме тие да бидат заштитени кога тоа го прават“, коментира британската комесарка Елизабет Денам.
Сомнителни резултати
„Чувствувам дека дури и ако сите вклучени во оваа тема решат да штрајкуваат, разликата во бројот на дневни посетители е веројатно да биде во границите на статистичката грешка“, напиша еден од посетителите на Hackers News.
Според друг, „повеќето луѓе кои се навистина заинтересирани веќе ги напуштиле централизираните социјални медиуми – или ја намалиле нивната употреба во ситуација кога секој ден е штрајк“.
На крајот на краиштата, бурни протестни реакции воопшто не дојдоа. Можеби луѓето кои ги споделуваат ставовите на Сангер навистина се повлечени од социјалните медиуми.
Можеби мнозинството потрошувачи кои се свесни за проблемите со користењето на социјалните медиуми се согласиле за еден вид „договор“ во кој тие се согласуваат да направат компромис со себе во име на нешто што мислат дека е неопходно и важно.
Можеби поголемиот дел од потрошувачите не се заинтересирани се додека добиваат дневна доза забава во социјалните медиуми – нивната виртуелна „доза на дрога“ во облик на постави и лајкови.