СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Роберт Редфорд торта

Дали знаевте дека постои торта посветена на Роберт Редфорд, легендарниот актер кој почина на 16 септември 2025 година?

Оваа торта е позната под различни имиња: „Подобра од секс торта“, „Секс во тава“, „Подобра од Роберт Редфорд торта“ или „Следното најдобро нешто за Роберт Редфорд“, и е најпопуларна во Соединетите Американски Држави.

Без оглед на името, тоа е ретро десерт кој е лесен за подготовка и сакан на забавите.

Состојки:

за основата:

* 150 гр обично брашно
* 150 гр путер
* 120 гр сечкани ореви

за кремот:

* 500 гр крем сирење
* 200 гр шеќер во прав
* 500 мл шлаг
* пудинг од чоколадо
* пудинг од ванила
* 50 гр путер
* 700 мл млеко
* 2 лажици рендано темно чоколадо

Подготовка:

Измешајте го брашното, стопениот путер и сечканите ореви. Истурете ја смесата во дното на помал калап. Печете на 180 степени околу 25 минути, додека не добие златно-кафеава боја. Оставете целосно да се олади.

Матете го крем сирењето, шеќерот и половина од шлагот додека не добиете мазна смеса.

Намачкајте ја врз изладената основа.

Измешајте ги пудинзите од ванила и чоколадо и сварете ги во 700 мл млеко. Додадете 50 гр путер во топлиот пудинг. Оставете да се олади и прелијте го сирењето.

Изматете го преостанатиот шлаг и рамномерно распоредете го врз пудингот. Посипете рендано чоколадо одозгора.

Ставете во фрижидер шест до осум часа пред сервирање.

На здравје!

Поврзани вести

Карлос Алкараз излегува со модел: „Гласините се вистинити“

Urednik

Николовски: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите

Влатко Зорба

Анџелина Џоли снима филм за оперската дива Марија Калас, погледнете ги првите фотографии од сетот (ФОТО)

Radmila Tasevska